Маунт едвај чека пак да се сретне со својот идол Лука Модриќ

Маунт едвај чека пак да се сретне со својот идол Лука Модриќ

пред 3 години

Ѕвездата на Челси, Мејсон Маунт вели дека е подготвен пак да се соочи со својот идол од детството, Лука Модриќ во неделниот меч на Англија со Хрватска на ЕУРО 2020.

Маунт и Модриќ се сретнаа во полуфиналето на Лигата на шампионите кога Челси ги елиминираа Реал Мадрид и си замина од првиот меч со дрес на Хрватот, а потоа во вториот меч, Модриќ го побара неговиот.

„Тој секогаш беше фудбалерот кому му се восхитував. Од времето кога играше во Премиер лигата со Тотенхем, постојано го следам. Беше многу чудно да се игра против него, бидејќи толку го имав гледано, што знаев какви се неговите потези и што ќе направи. Искуството со Челси ми помогна да се подготвам за мечеви со најдобрите. Беше прекрасно да се разговара со него и да го добијам неговиот дрес. Тоа беше посебно, ќе го чувам секогаш“, вели 22-годишниот Маунт.

Share
Scroll to Top