Машината на Гасперини го згази Беневенто предводен од Пипо Инзаги за голем скок на табелата во Серија А. Аталанта со 4-1 славеше нагости, а во листата на стрелци кај „сино-црните“ се запишаа 4 фудбалери.
Во првото полувреме имаше само еден погодок, Иличиќ во 30 минута донесе гостинско водство од 0-1.
Во вториот дел во 50 минута Марко Сау носи израмнување, по што следуваше реакција од Аталанта и со 2 гола за 2 минута победникот стана познат. Аталанта на 2-1 зголеми преку Толои во 69 минута, а во 71 веќе на семафорот стоеше 1-3.
Стрелец Запата.
Конечните 1-4 беа дело на Муриел во 86 минута.
Со овој триумф тимот од Бергамо се искачи на четвртата позиција на табелата со 31 поен, 6 помалку од лидерот Милан.