Мајами останува без ѕвезди – и Серена се повлече од Мастерсот

Мајами останува без ѕвезди – и Серена се повлече од Мастерсот

пред 3 години

Серена Вилијамс е последната тениска ѕвезда која потврди дека нема да игра на Мајами опен од следната недела, откако била на орална операција и не е подготвена да игра. Светската тенисерка број 7 не е првата ѕвезда која реши да не игра на големиот турнир, по Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим.

„Разочарана сум што морам да се повлечам од Мајами опен поради оралната операција. Мајами секогаш бил посебен турнир за мене, бидејќи тука е мојот дом, но ќе се вратам следната година“, изјави Серена, која во август полни 40 години.

Засега од тенисерките, се очекува на турнирот да настапат Ешли Барти, Наоми Осака и Симона Халеп.

Share
Scroll to Top