Мајами со билборди го задржаа Драгиќ во тимот

Мајами со билборди го задржаа Драгиќ во тимот

пред 3 години

Мајами Хит успеа во намертите да го задржат капитенот Горан Драгиќ, кој имаше статус на слободен играч. Драгиќ, на медиумите им потврдил дека ќе потпише двегодишен договор „тежок“ 37.400.000 долари.

За да го задржат еден од најдобрите играчи во тимот, Мајами Хит, применија интересна татктика. Мајами, во родниот град на Драгиќ, Љубљана, поставија три билборди со пораките: „Твоето второ семејство секогаш ќе биде со тебе“ и „Драгон, син на Љубљана, капитен на Мајами“.

Драгиќ во шега изјавил и дека разговарал и со соиграчот Џими Батлер, кој му рекол дека ќе го истепа доколку не потпише со Мајами.

Драгиќ и Батлер, минатата сезона го предводеа Мајами до големото финале во НБА лигата. Хит не успеаја да ја добијат серијата со ЛА Лејкерс, најмногу и поради неиграњето на Драгиќ. Словенецот се повреди во првото полувреме, на првиот меч од серијата.

Горан Драгиќ минатата сезона ја заврши со просек од 16,2 поени, 5 асистенции и 3,2 скока по натпревар.

Share
Scroll to Top