Маљковиќ: Короната ја направија лоши и расипани луѓе

Маљковиќ: Короната ја направија лоши и расипани луѓе

пред 3 години

Божидар Маљковиќ, поранешниот легендарен кошаркарски стручњак, а сега претседател на Олимпискиот комитет на Србија во интервју за весникот „Вечерње новости“ изјави дека позади пандемијата на корона вирусот стојат некои „лоши и расипани луѓе“.

„Сигурен сум дека овој вирус е створен тајно, од тројца-четворица расипани и лоши луѓе, генијалци со голем капитал зад себе и цел да го срушат човештвото. Какви пазари во Кина, какви лилјаци! Пред неколку месеци кажав дека вакцината ќе дојде по американските избори и ете ја! Зборував со пријателот Зоран Јанковиќ, градоначалникот на Љубљана и со некои луѓе во Словачка, каде што немаше заразено многу луѓе. Сега секаде е хаос и ќе видиме дали вакцината ќе функционира“, вели Маљковиќ, кој освои две европски титули со славната сплитска Југопластика.

Share
Scroll to Top