Мбапе во Реал ќе ја носи „петката“ на Зидан!?

Мбапе во Реал ќе ја носи „петката“ на Зидан!?

пред 3 години

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека се е подготвено за дочекот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Младиот 22-годишен напаѓач кој од ПСЖ ќе се пресели (се уште неофицијално) за 170 милиони евра, во клубот ќе биде претставен на 10. септември, а наводно, ќе го носи дресот со број 5.

Информаците од Пиринеите се дека тоа е подарок од претседателот Флорентино Перез кој на тој начин ќе стане наследник на својот сонародник Зинедин Зидан – еден од најдобрите фудбалери, па и тренери, во историјата на Кралскиот клуб.


Мбапе во ПСЖ и во селекцијата на Франција носи дресови со број 7 и 9, а во Реал тие броеви се „зафатени“ од Бензема и Азар.

Бројот 5 засега му припаѓа на Валеху, но сигурно Перез ќе го наговори да го препушти овој број на големото засилување.

Share
Scroll to Top