Мбапе жали за Тухел: Никој нема да те заборави, тренеру

Мбапе жали за Тухел: Никој нема да те заборави, тренеру

пред 3 години

Килијан Мбапе го испофали поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, велејќи дека „никој нема да го заборави“ германскиот тренер.

Пред Божиќ, Германецот доби отказ и покрај тоа што вчера со 4:0 го победи Стразбур, ставајќи крај на две и пол годишната работа на поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, во кои ги освои сите француски титули и минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите.

„Тоа е тажниот закон на фудбалот. Никој нема да го заборави твоето време тука. Ти напиша прекрасен дел од историјата на клубот и можам да кажам само: Благодарам, тренеру“, напиша Мбапе на Инстаграм.

Првата активност на Тухел откако го замени Унаи Емери во мај 2018 беше да му даде постојан договор на Мбапе, кој пристигна од Монако како позајмен фудбалер.

Share
Scroll to Top