Мбапе и Кин за победа на ПСЖ пред големото дерби со Лил

Мбапе и Кин за победа на ПСЖ пред големото дерби со Лил

пред 3 години

ПСЖ се вратија на победите во Лига 1, триумфирајќи со 2:0 над Лориен со 10 играчи со головите на Килијан Мбапе и Моисе Кин, за да останат на еден поен од лидерот Лил, кој претходно со 2:0 славеше кај Дижон.

Мечот доби своја насока на стартот на второто полувреме, кога Андреа Гравилјон го собори Килијан Мбапе во шестнаесетникот и покрај пенал доби и црвен картон. Кин девет минути подоцна додаде уште еден гол, за победа пред неделното дерби со Лил.

Другите ривали на ПСЖ во Франција не беа толку среќни – Лион одигра 2:2 со Брест за да го загуби второто место, Монако дома беше шокиран со 0:3 од Ленс, додека Рен со 2:1 го совлада Марсеј.

ЛИГА 1, 15.КОЛО

Анжер – Стразбур 0:2

Дижон – Лил 0:2

Монпелје – Мец 0:2

Ним – Ница 0:2

Ремс – Нант 3:2

Бордо – Сент-Етјен 1:2

Лион – Брест 2:2

Монако – Ленс 0:3

ПСЖ – Лориен 2:0

Рен – Марсеј 2:1

Share
Scroll to Top