Мбапе нема да го продолжи договорот со ПСЖ

Мбапе нема да го продолжи договорот со ПСЖ

пред 3 години

Килијан Мбапе донел одлука која нема да им се допадне на луѓето од ПСЖ. „Лекип“, тврди дека Мбапе нема да го продолжи договорот до ПСЖ.

Младиот напаѓач има договор со „светците“ од Париз уште оваа сезона. ДОколку клубот не го продаде ова лето, тогаш тој по завршувањето на сезоната 2021/2022 ќе стане слободен играч.

Долго време, Мбапе се поврзува со Реал Мадрид. Од оваа перспектива, Реал не може да си дозволи трансфер од 150 милиони евра ова лето. „Лекип“, пишува дека во договор со Реал, Мбапе ќе остане уште една сезона во ПСЖ, а потоа без обесштетување ќе замине во Мадрид.

Не е тајна дека сериозен интерес за 22-годишникот покажува и Ливерпул. За разлика од Реал, Ливерпул има пари да го реализира трансферот на Мбапе ова лето.

Share
Scroll to Top