Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме и беше човек на одлука на дуелот меѓу ПСЖ и Ница. „Светците“ славеа со 2:1, а францускиот репрезентативец постигна победнички гол во 83.минута. Тој остана на клупата на стартот откако селекторот Дешам побара од тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, да му даде одмор затоа што е преморен. Сепак, и тоа не му пречеше на Мбапе да го реши дуелот.
Лионел Меси во 29.минута донесе водство за ПСЖ, а израмни Гаетан Лаборд на почетокот од вториот дел.