Меган Рапиноу: Меси и Роналдо мораат да направат повеќе во борбата против расизмот

Меган Рапиноу: Меси и Роналдо мораат да направат повеќе во борбата против расизмот

пред 3 години

Американската фудбалска ѕвезда Меган Рапиноу ги повика Лионел Меси и Кристијано Роналдо да ја искористат својата огромна популарност за да помогнат во борбата против расизмот.

Рапиноу, која е освојувачка на СП со репрезентацијата на САД, но во моментов е слободен играч, е позната по своите политички убедувања и по барањето за еднаквост во светот на фудбалот, и сега вели дека и покрај тоа што Меси и Роналдо учествуваат во кампањите против расизмот, тоа е премалку.

„Тие би можеле да направат толку многу ако решат да ја искористат својата огромна популарност во борба против расизмот на пример. Не зборувам да носат маичка ‘Black Lives Matter’, туку да направат подлабока кампања“, вели Рапиноу во интервју за „Л’Екип“.

Таа ги посочи ѕвездите во другите спортови како Луис Хамилтон, Леброн Џејмс и Наоми Осака.

„Желбата на Луис Хамилтон да проговори е фантастична, а да не го споменуваме Леброн Џејмс, а и двајцата се во центарот на голема економска моќ. Наоми Осака имаше храброст на САД опен да носи имиња со црните луѓе кои беа убиени од американската полиција. Во таков бел спорт. Такви спортисти ме инспирираат“, вели Рапиноу.

Share
Scroll to Top