Мегваер: Примивме два лоши гола, среќа го имаме Роналдо

Мегваер: Примивме два лоши гола, среќа го имаме Роналдо

пред 2 години

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер имаше само пофалби за Кристијано Роналдо, кој втор меч во низа во Лигата на шампионите постигнува победнички гол за камбек триумф по 3:2 победата над Аталанта на „Олд Трафорд“.

Мегваер, кој според многу фанови на Јунајтед беше виновен за двата гола кои ги дадоа Аталанта во првото полувреме, признава дека направиле многу грешки.

„Во првото полувреме примивме два лоши гола. Два големи моменти во мечот. За првиот не фатија во расчекор, а потоа во вториот пак примивме гол од прекин, што не треба да се случува. На полувреме знаевме дека можеме до победа, но дека ќе биде тешко. Бев веднаш зад Роналдо пред голот. Неговиот скок, неговиот тајминг, совршено! Го гледаме тоа секој ден на тренинг, но и во головите кои ги дава во кариерата. Повторно беше клучен за нас во Лигата на шампионите. Работиме напорно да бидеме солидни во одбраната, но последните три-четири меча примивме многу голови од прекин и тоа мора да го поправиме. Сепак, мислам дека игравме како тим“, изјави Мегваер.

Никој како него! Роналдо пак беше „спасител“ на Јунајтед

Share
Scroll to Top