Данил Медведев е вториот финалист на Завршниот мастерс во Лондон. Рускиот тенисер, во полу-финалето, го победи Рафаел Надал со 2:1 (3/6, 7/6, 6/3). Мечот траеше два часа и 35 минути. Надал, еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот ќе почека барем уште една година да победи на Завршниот турнир.
Надал фуриозно го започна мечот, доминираше во секој поен, направи еден брејк и го доби првиот сет со 6/3. Медведев на стартот од вториот сет направи брејк, стигна до 3/0 и тука застана. Надал успеа да направи целосен пресврт, дури и сервираше за победа. Кога не успеа да го затвори мечот, Медведев ја искористи шансата, избори тај-брејк, во кој одигра речиси совршено и израмни на 1:1 во сетови.
Во третиот сет тенисерите играа егал до 3:3, потоа Медведев направи брејк, па го доби својот серви-гем и на крајот со уште еден брејк го заклучи мечот.
На крајот Медвдев имаше 42 винери и 29 нефорсирани грешки, додека Надал имаше 20 винери помалку и една нефорсирана грешка повеќе.