На светскиот рекет број 2, Русинот Данил Медведев му беа потребни нешто повеќе од два часа да се пласира во финалето на САД опен, победувајќи го младиот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим со 6:4/7:5/6:2.
Ова е второ финале за московјанинот во Њујорк, откако во 2019 година во пет сета загуби од Рафаел Надал.
21-годишниот Оже-Алијасим имаше одличен старт, но Медведев беше првиот кој направи брејк во седмиот гем за да го освои сетот за 38 минути. Во вториот сет, Медведев губеше со 2:5, пред да спаси две сет-топки, да врати брејк и да освои пет гема во низа за 2:0 водство. Во третиот сет, тој веднаш направи брејк за 2:1 водство и за комплетирање на мечот.
Во финалето во недела, Медведев ќе игра со подобриот од второто полуфинале помеѓу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и четвртиот носител, Германецот Александер Зверев.