Медведев кршеше рекети и испадна од Мајами

Медведев кршеше рекети и испадна од Мајами

пред 3 години

Данил Медведев, светскиот број 2, доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами. Подобар од Медведев, во два сета, беше Роберто Баутиста-Агут.

Медведев, кој во отсуство на Новак Ѓоковиќ, во Мајами беше поставен за прв носител, падна пред располоѓениот Шпанец за 93 минути со 6/4, 6/2.

Медведев, во ниту еден момент не дојде во шанса да се надева на позитивен резултат. Баутиста-Агут направи еден брејк во првиот сет, во деветтиот гем, а потоа со два брејка во раната фаза на вториот сет си го трасира патот кон победата.

Немоќен и фрустриран, Медведев во еден момент бесот го истури врз рекетот.

Во полу-финалето, Шпанецот ќе игра против младиот Италијанец Јаник Синер.

 

Share
Scroll to Top