МекГрегор до Поирие: За мене си мртво тело, ќе те изнесат на носилки!

МекГрегор до Поирие: За мене си мртво тело, ќе те изнесат на носилки!

пред 3 години

На два дена пред УФЦ264 спектаклот во Лас Вегас – борбата помеѓу Конор МекГрегор и Дастин Поирие Ирецот упати „отровни стрели“.

„Тој е за мене трупец, мртво тело, бледо лице. Ќе го изнесат на носилки кога ќе завршам со него. Разликата меѓу оваа борба и онаа против Диаз е што сега со секој удар ќе барам удар кој убива. Целиот подготвителен камп е таков. Ќе го убијам овој човек. Јас веќе гледам кон големиот стадион во Лас Вегас“ – изјави МекГрегор.

Ова ќе биде негова трета борба со која ќе ја заврши трилогијата започната во 2014 година. Тогаш со тешнички нокаут победи Ирецот, а годинава на ист начин се реваншираше Поирие. Време е за „мајсторка“.

Победникот ќе може да му се спротивстави на првакот во лесна категорија – Чарлс Оливиера.

Share
Scroll to Top