Менди останува во притвор – Судот трет пат го одби барањето за кауција

Менди останува во притвор – Судот трет пат го одби барањето за кауција

пред 3 години

Судот во Манчестер уште еднаш го одби барањето на Бенжаман Менди, од слобода да го чека судењето кое му е закажано во јануари наредната година. Фудбалерот на Манчестер сити, пред два месеци е обвинет за четири силувања и еден сексуален напад. Делата за кои е обвинет ги сторил во периодот октомври 2020-август 2021 година.

Менди е уапсен пред седум недели, а судот два пати го одби барањето на неговиот адвокат да плати кауција за да може да се брани од слобода.

На денешното сослушување, кое траело 50 минути, судијата Патрик Томсон, остана при својот став дека Менди до почетокот на судењето мора да остане во затвор.

Судењето е закажано за 24.јануари 2022 година.

Share
Scroll to Top