Хајко Фогел, тренерот на У-23 тимот на Борусија Менхенгладбах како казна за „неспортско однесување“ кон една судијка во тек на фудбалски меч доби наредба да биде тренер на шест меча на женскиот клуб на Менхенгладбах, објави Фудбалската асоцијација на Западна Германија (ВДФВ).
Фогел, кој е поранешен тренер на швајцарскиот Базел и еден од кандидатите од следната сезона да го замени Марко Розе на клупата на „ждребињата“ е обвинет за неспортско однесување кон судијата Марсел Бенкхоф и неговите помошнички Ванеса Артл и Надин Вестерхоф при 2:1 победата над Бергиш Гладбах во регионалната четврта лига во јануари.
44-годишниот Фогел исто така треба да плати 1.500 евра, но казната е минимална според реакциите кои ги предизвика во Германија и на социјалните мрежи, бидејќи дел од коментаторите сметаат дека се работи за „шовинистичка“ одлука и дека женскиот фудбал не се смета сериозно.
Од друга страна, поддржувачите на вакви „казни“ сметаат дека Фогел со работата со женскиот тим ќе научи повеќе да ги почитува жените.