Мерцедес ја потврдија соработката со Џорџ Расел

Мерцедес ја потврдија соработката со Џорџ Расел

пред 3 години

Џорџ Расел наредната сезона ќе вози за Мерцедес. Тимот, на социјалните мрежи ги потврди вчерашните медиумски шпекулации. Од Мерцедес, во Алфа Ромео, ќе замине Валтери Ботас.

Младиот Британец, пред две недели, го забележа најголемиот успех во кариерата. На трката за Големата награда на Белгија го освои второто место. Инаку, Расел, во финишот на минатата сезона, возеше една трка за Мерцедес, кога влезе во тимот на местото на Хамилтон, кој беше заразен со коронавирусот.

Од трката на патеката Сакир, започнаа шпекулациите дека 23-годишникот ќе го замени Ботас во Мерцедес.

„Ова е посебен ден за мене, прватно и професионално, сепак емоциите ми се помалку измешани. Возбуден сум и благодарен што ќе му се приклучам на Мерцедес, тоа е голем чекор во кариерата, но тоа значи и дека ќе се простам од колегите во Вилијамс. Ми претсвуваше чест што имав можност да работам со таков тим“, рекол Расел по потпишувањето на договорот.

„Сега ми преостануваат уште девет трки со Вилијамс. Сакам да бидам сигурен дека тоа ќе бидат најдобрите девет трки во мојот живот. Дури потоа ќе можам да и се посветам на наредната сезона“, заклучил Расел.

Share
Scroll to Top