Меси веќе има „станче“ од 8 милиони долари во Мајами, Бекам го чека!

Меси веќе има „станче“ од 8 милиони долари во Мајами, Бекам го чека!

пред 4 години

По признанието дека еден ден би сакал да искуси како е да се игра во американската МЛС лига, Лионел Меси повторно е на насловните страници, откако шпанските медиуми тврдат дека тој одамна планирал преселба во САД, откако го купил луксузниот стан во Мајами, што според многумина е првиот знак за трансфер во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Договорот на Меси со Барселона завршува во летото 2021 година, и шпанските медиуми велат дека тој го направил првиот чекор кон преселба во САД, купување на стан во луксузната кула „Порше дизајн“, што треба да биде знак дека нема да отиде кај својот стар тренер Пеп гвардиола во Манчестер сити, ниту кај поранешниот соиграч Нејмар во Пари Сен-Жермен.

Каталонското радио „Кадена СЕР“ тврди дека главната мотивација на Меси не се парите (кои ги има доволно заработено во Барселона), туку желбата неговите деца да одат во училишта во САД, по што би го продолжиле и факултетското образование во оваа земја. Тие додаваат дека тој уште пред година и пол купил стан во „Порше дизајн“ заградата изградена во 2014 и на само 25 минути со автомобил до стадионот на Интер Мајами.

Share
Scroll to Top