Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA






