Меси неизвесен за финалето во Суперкупот

Меси неизвесен за финалето во Суперкупот

пред 3 години

Лионел Меси, поради повреда, би можел да го пропушти утрешното финале во Суперкупот на Шпанија. Најдобриот играч на Барселона не можел да го издржи со полн капацитет, последниот тренинг, пред натпреварот.

Меси од сезоната 2006/07, не пропуштил ниту едно финале со Барселона. Во сезоната 2006/07, Барселона, без Меси, загуби од Интернасионал (1:0), во борбата за светската клупска круна.

Барселона, во недела од 21 часот, во Севиља, за првиот трофеј во новата сезона ќе се бори против Атлетик Билбао.

Меси против Атлетик, во кариерата, одиграл 36 натпревари, постигнал 26 голови.

Share
Scroll to Top