Меси размислувал за трансфер во Саудиска Арабија

Меси размислувал за трансфер во Саудиска Арабија

пред 7 месеци

Лео Меси од магазинот „Тајм“ е прогласен за спортист на годината. Во интервјуто откри дека откако му истече договорот со ПСЖ имал три опции за продолжување на кариерата, враќање во Барса, преселба во Саудиска Арабија или во МЛС лигата.

„Мојата прва опција беше да се вратам во Барселона, но тоа не беше можно. Се обидов да се вратам, но тоа не се случи“, започнува Меси и додава:

„Вистина е и дека подоцна многу размислував да одам во саудиската лига, ја познавам земјата и тие создадоа многу моќно натпреварување“, истакнува Аргентинецот.

На крајот требало да избере меѓу Саудиска Арабија и САД.

„И двете опции ми изгледаа многу интересни“, изјави Меси за „Тајм“.

Во Саудиска Арабија кариерите ги продолжија многу ѕвезди на светскиот фудбал Кристијано Роналдо, Бензема, Нејмар, Мане,…

Share
Scroll to Top