Месут Озил е човек од збор – ќе го исполни договорот со Арсенал

Месут Озил е човек од збор – ќе го исполни договорот со Арсенал

пред 4 години

И покрај тоа што не е дел од тимот на Арсенал за Премиер лигата и Лига Европа, Месут Озил планира да го исполни договорот со „топчиите“ и нема да си замине во јануари, инсистира неговиот агент, Еркут Согут посочувајќи дека тој е „човек од збор“.

Озил беше рекордно засилување на Арсенал во 2013 година, кога дојде од Реал Мадрид за 42 милиони фунти, но последните две сезони не се неговите најдобри и тој нема настап од 7 март за „топчиите“ откако Микел Артета го исклучи од тимовите барем до јануари. И покрај ова, Согут објаснува дека тој ќе остане до крајот на договорот во текот на летото.

„Понекогаш и еден ден е долго време во фудбалот, никогаш не се знае. Секако, има многу заинтересирани тимови и тоа не е сменето. Но, Месут е човек од збор и лојален фудбалер, нешто што ретко се наоѓа денес. Тој не размислува за другите клубови освен за тој со кој има договор. Штета што Месут не игра и што сите се фокусираат на неговата плата, што може да се разбере. Сепак, ова е трошење на неговиот талент и креативност. Тој не престана со тренинзи – со клубот, дома, во дворот, во гаражата“, вели Согут за „Тутомеркато“.

Share
Scroll to Top