МЗТ го загуби првиот меч во АБА2 лигата во драматичен финиш

МЗТ го загуби првиот меч во АБА2 лигата во драматичен финиш

пред 3 години

Црногорскиот клуб Подгорица му го нанесе на МЗТ Скопје Аеродром првиот пораз на стартот на Втората АБА лига, триумфирајќи во драматичен меч со 74:72 (12:16, 28:22, 22:21, 10:15) во спортскиот центар „Ваи Таи“ на Златибор.

„Металците“ имаа водство во речиси целиот натпревар и на минута и пол пред крајот имаа 70:69 предност, пред црногорскиот клуб да направи пресврт од кој немаше враќање. Андрија Бојиќ имаше 24 поени, 9 скока и 2 асистенции за МЗТ, Тодрик Гочер додаде 21, додека кај победниците најефикасен беше Новак Мусиќ со 23 поени.

Ова е прв натпревар на Подгорица во регионалното натпреварување, а веќе во следното коло го пречекува вториот македонски претставник, Работнички.

Фото: АБА лига

Share
Scroll to Top