МЗТ го официјализира трансферот на Карачиќ

МЗТ го официјализира трансферот на Карачиќ

пред 3 години

Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска, Иван Карачиќ (24 год, 203 см) од денеска е составен дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром на првиот сезонски турнир од АБА2-лигата на Златибор. МЗТ мораше да ангажира еден висок играч поради повредите на Бојан Крстевски и Андреј Маслинко.

Карачиќ потпишал едномесечен договор, со можност соработката со МЗТ да ја продолжи до крајот на сезоната.

Иван Карачиќ, поради процедурата во јадранското натпреварување за регистрација на нови играчи, нема да настапи во „меурот“ на Златибор, во кој МЗТ ќе ги одмери силите со Подгорица. Тој сигурно да биде во составот на Ѓорѓи Кочов на вториот дуел, задутре против Сутјеска.

Крстевски и Маслинко не отпатуваа на првиот турнир од АБА2 поради повреда на прстот на шутерската рака, односно посериозен проблем со лигаментите на скочниот зглоб.

Share
Scroll to Top