МЗТ избори плеј-оф во АБА 2

МЗТ избори плеј-оф во АБА 2

пред 3 години

Кошаркарите на МЗТ, во неизвесен натпревар, ја победија Горица 77:73 (29:21, 11:15, 13:15, 24:22). Со оваа победа МЗТ обезбеди место во разигрувањето за пласман во првата АБА лига. По некомплетното 12.коло, МЗТ се наоѓа на четвртата позиција со седум победи и пет порази.

МЗТ, во Златибор, каде се игра овој „балон“, допатува без тројца значајни играчи. И во таква ситуација, со скратена ротација, успеаја да ја осврат целта, славеа против Горица.

МЗТ натпреварот го играше со осум играчи, од кои Бакоч одигра нештто повеќе од четири минути.

Клучен човек во победата беше Крстевски, кој во финишот постигна пет поени.

Share
Scroll to Top