Мидо: Саутгејт е страшливец, на Англичаните им треба „вистински“ тренер како Мурињо

Мидо: Саутгејт е страшливец, на Англичаните им треба „вистински“ тренер како Мурињо

пред 3 години

Поранешниот египетски напаѓач Мидо им препорача на луѓето во Фудбалската асоцијација на Англија да го сменат Герет Саутгејт со „вистински тренер“ како Жозе Мурињо по 2:0 поразот од Белгија со кој Англичаните испаднаа од игра за фајнал фор турнирот во Лигата на нации.

Мидо одлично го познава Саутгејт, играјќи под него три сезони во Мидлзборо, и вели дека тој нема „силен“ карактер.

„На Англија и треба вистински тренер. Го трошат своето време со Саутгејт. Да, тој секогаш ги кажува вистинските работи во медиумите и најверојатно затоа ја заддржа својата работа толку долго, но верувајте ми, не го бива кога работите не одат добро на полувреме. Играчите го  чувствуваат неговиот страв. Се сеќавам во Боро, беше смртно преплашен кога се боревме за опстанок. Да, тоа беше неговата прва работа, но работите не се менуваат. Ако си исплашен од пораз, секогаш ќе бидеш исплашен“, вели Мидо.

Саутгејт и Мидлзборо испаднаа од Премиер лигата во 2009 и следниот октомври тој си замина.

„Англија има таленти во тимот, но потребен им е силен карактер, некој кој ќе игра без страв. Советот до ФА е да го земат Мурињо, а Саутгејт може да е претседател на ФА. Држете го Саутгејт што подалеку од фудбалерите“, додава Мидо.

Share
Scroll to Top