Милан договорија трансфер за наредното лето

Милан договорија трансфер за наредното лето

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Милан веќе го договори првиот трансфер наредното лето. Дресот на славниот клуб ќе го облече повремениот француски репрезентативец Флоријан Тован.

Тован (27) е фудбалер на Олимпик Марсеј, неговиот договор со францускиот клуб истекува на 30 јуни 2021 година. Веднаш потоа Тован како слободен играч ќе се пресели во Милан.

Милан за потписот на Тован ја доби битката со Рома.

Тован до досегашниот дел од сезоната одиграл шест натпревари, постигнал два гола и забележал три асистенции.

Share
Scroll to Top