Милан „на мускули“ го реши Торино во Купот на Италија

Милан „на мускули“ го реши Торино во Купот на Италија

пред 3 години

Со Ибрахимовиќ, Леао, Ромањоли и Калабриа во првиот состав, Милан вечерва одигра само 0-0 во регуларните 90 минути од осминафиналето од Купот на Италија против Торино, на „Сан Сиро“.

Нервозниот Донарума во 73 минута заработи црвен картон, ама надвор од теренот затоа што меѓу стативите беше резервата Татарушану.

Милан ја имаше комплетната доминација, упати 23 удари кон противничкиот гол, наспроти оние 9 на гостинскиот тим.

Сепак патникот во четвртфиналето се решаваше на пенали. А таму Милан беше подобриот тим, триумфираше со 5-4. Трагичар кај Торино беше Ринкон, промаши во четвртата серија.

Share
Scroll to Top