Милан се врати за победа кај Фиорентина

Милан се врати за победа кај Фиорентина

пред 4 години

Милан не дозволи да загуби третпат во низа, победувајќи на „Артемио Франки“ кај Фиорентина со 3:2 со пресврт.

„Росонерите“ со Златан Ибрахимовиќ како стартер поведоа во осмата минута кога тој итро избегна офсајд стапица, но Ерик Пулгар во 17. минута израмни на 1:1, пред уште еден ветеран, овојпат во дресот на Виола, Франк Рибери во 51. минута да им донесе 2:1 водство на домаќините.

Камбекот на Милан го најави Брахим Дијаз во 57. минута, пред Хакан Чалханоглу со одлична реакција во 73. минута да го комплетира пресвртот.

„Росонерите“ остануваат втори во Серија А со 59 поени, шест зад Интер (со натпревар повеќе) и четири пред Јувентус, додека Фиорентина се на 14. место со 29 поени.

Share
Scroll to Top