Милан со пенал во 97. минута спаси поен против Удинезе, без победник во „Дерби дела лантерна“

Милан со пенал во 97. минута спаси поен против Удинезе, без победник во „Дерби дела лантерна“

пред 3 години

Милан го избегна својот трет пораз во последните четири мечеви во Серија А, откако на „Сан Сиро“, со гол од пенал во 97. минута не дозволи Илија Несторовски и Удинезе да стигнат до победа, извлекувајќи 1:1 реми.

Бразилецот Родриго Бекао, кој во 68. минута стрелаше по асистенција на одличниот Родриго де Паул. Илија Несторовски, откако минатиот меч го реши победникот во дуелот со Фиорентина, овојпат одигра 90 минути. Кога се мислеше дека мечот е загубен за „росонерите“, Ларсен играше со рака во шестнаесетникот, а Френк Кеси беше сигурен од белата точка. Милан сега е на три поени зад лидерот Интер, но со натпревар повеќе.

Аталанта сега се израмни со Јувентус на четвртото место на табелата, по убедливата 5:1 победа над Кротоне. По израмнетото прво полувреме, „Ла деа“ постигна четири гола во второто за доминантна победа.

На „Луиџи Ферарис“ пак се играше „Дерби дела лантерна“, дербито на Џенова, во кое Џенова и Сампдорија одиграа 1:1. Давиде Запакоста ги донесе Џенова во водство во 52. минута, пред Лоренцо Тонели да израмни во 77. минута. Горан Пандев влезе како замена за „Грифоне“ во 73. минута од мечот.

СЕРИЈА А, 25. КОЛО

Милан – Удинезе 1:1

Џенова – Сампдорија 1:1

Фиорентина – Рома 1:2

Аталанта – Кротоне 5:1

Беневенто – Верона 0:3

Каљари – Болоња 1:0

Share
Scroll to Top