Милан ја отвори новата сезона во Серија А со минимална, но важна победа од 0:1 на гостувањето кај Сампдорија во Џенова, остварена уште на стартот на мечот.
Новата „десетка“ на Милан, Шпанецот Брахим Дијаз во 9. минута успеа да го постигне првиот гол за „росонерите“ во новата сезона по катастрофално лошата реакција на голманот Емил Аудеро.
Brahim Diaz opens the scoring for AC Milan! ⚽️
? Sampdoria 0-1 AC Milan ?#SampdoriaMilan pic.twitter.com/5VOxfZiEgf
— TFS – Top Football Show (@TopFootballShow) August 23, 2021
По постигнатиот гол, играта беше израмнета посебно во првото полувреме, кога новиот голман на Милан, Мајк Мањан имаше една одлична интервенција да спаси гол. Во второто полувреме, Самп, под водство на новиот тренер Роберто Д’Аверса, тргнаа во напад, но одбраната на Милан, и посебно голманот Мањан добро си ја завршија работата.