Милвоки со 29 тројки го декласираа Мајами, нов трипл-дабл на Јокиќ и нов пораз на Денвер

Милвоки со 29 тројки го декласираа Мајами, нов трипл-дабл на Јокиќ и нов пораз на Денвер

пред 3 години

Милвоки Бакс, Орландо Меџик, Никола Јокиќ и Џулиус Рендл ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Милвоки, со рекорд, ги декласираа Мајами Хит со 144:97. Бакс постигнаа 29 тројки што е нов рекорд во НБА. Кошаркарите на Милвоки имаа неверојатна реализиција од линијата за три поени, од 55 обиди погодија 29 тројки.

Крис Мидлстон постигна 25 поени (4 тројки), а Џру Холидеј уфрли 24 поени (5 тројки). Во тимот на Милвоки само Јанис Адетокумбо не успеа да постигне ниту една тројка. Гркот мечот го заврши со девет поени и по шест скока и асистенции.



Орландо Меџик го забележаа четвртиот триумф во сезоната. Орландо заедно со Атланта се тимовите кои се уште немаат пораз. До победата од 118:107 во Оклахома, Меџик ги предводеше Никола Вучевиќ со 28 поени и 10 скока.

Њујорк Никс славеа во Кливленд, кај Кавалирс со 95:86. Најдобар кај Никс бее Џулиус Рендл со трип-дабл од 28 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Сакраменто Кингс, втор пат сезонава ги надиграа Денвер Нагетс. На отворањето на сезоната Кингс славеа со поените на Бади Хилд во последната секунда, а изминатата ноќ беа убедливи 125:115.

Никола Јокиќ го забележа третиот трипл-дабл од почетокот на сезоната и на вечната листа се искачи на деветтото место. Српскиот центар мечот го заврши со 26 поени, 11 скока и 12 асистенции, но „продаде“ и 10 топки.

Резултати:

Детроит-Голден стејт 106:116
Индијана-Бостон 111:106
Филаделфија-Торонто 100:93
Вашингтон-Чикаго 107:115
ЛА Клиперс-Минесота 124:101
Финикс-Њу Орлеанс 111:86

Share
Scroll to Top