Милер е неутешен по промашувањето: Се извинувам, многу се извинувам!

Милер е неутешен по промашувањето: Се извинувам, многу се извинувам!

пред 3 години

Трагичарот на осминафиналниот меч на ЕУРО 2020 меѓу Германија и Англија секако е Томас Милер. Тој при водство од 1-0 за „Гордиот Албион“ промаши цел гол откако се најде очи в очи со голманот Џордан Пикфорд.

Кратко потоа Англичаните го постигнаа и вториот гол, со што се пласираа во четвтфинале, а „Панцирите“ се вратија дома.

Милер на социјалната мрежа Инстаграм јавно им се извини на сограѓаните:

„Тоа е моментот што засекогаш ќе ти остане во мислите и не ти дава да спиеш навечер. Моментот за кој работиш, тренираш и живееш. Момент кога се ќе падне врз тебе и врз твојот тим во неизвесен елиминациски натпревар, кога можеш целата земја да ја испратиш во екстаза. Да имаш таква шанса и да ја пропушти ѓаволски боли, боли кога мислиш на соиграчите, тренерот, кои целата доверба ти ја дале тебе да се најдеш во можност да реализираш во тој момент. Но највеќе боли поради навивачите на Германија кои беа покрај нас и не поддржуваа во текот на турнирот, со оглед на тешките околности. Благодарам на поддршката„ напиша Милер.

Share
Scroll to Top