Миливоевиќ има коронавирус, нема да игра против Шкотска

Миливоевиќ има коронавирус, нема да игра против Шкотска

пред 3 години

Српскиот фудбалски репрезентативец, Лука Миливоевиќ е позитивен на Ковид 19, потвррдија од Фудбалскиот сојуз на Србија. Играчот од средниот ред на премиерлигашот Кристал Палас нема да биде во конкуренција за вечерниот бараж финален меч за пласман на ЕП меѓу Србија и Шкотска во Белград.

Србите од 2000-та година чекаат пласман на ЕП.

„По редовното тестирање објавено во понеделник, утврено е дека капитенот на Кристал Палас, Лука Миливоевиќ е позитивен на вирусот Ковид 19. Во склад со лекарските протоколи и прописите на УЕФА, Миливоевиќ веднаш го напуштил спортскиот центар и е испратен во домашна изолација“ наведуваат од ФСС.

Ден подоцна бил направен уште еден контролен тест, но и тој покажал дека фудбалерот е инфициран.

Сите останати тестирани фудбалери се негативни и ќе му бидат на располагае на селекторот Тумбаковиќ.

Share
Scroll to Top