Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи, во сабота, ќде се борат за шампионскиот појас во УФЦ, во лесна категорија. Нурмагомедов во октагонот се враќа по пауза од една година, додека Гејџи за оваа борба се избори по победата над Дастин Поирие.
Во пресрет на борбата УФЦ објави колкав хонорар ќе добијат борците.
Дагестанецот ќе заработи 10.000.000 долари, а Гејџи 6.000.000 долари. Сепак овие суми не се фиксни, бидејќи првиот човек на УФЦ Дејна Вајт кога ги потпишувал договорите со борците вметнал интересни клаузули.
Доколку борбата биде здодевна и не му се допадне, тој има можноста да им ги намали хонорарите, но исто така имал право дополнително да ги награди доколку борбата биде над очекувањата.