Милитао го пропушта стартот на Лигата на шампионите

Милитао го пропушта стартот на Лигата на шампионите

пред 4 месеци

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао ќе го пропушти стартот на Лигата на шампионите.

Причината, како што соопштија од лекарскиот тим на Реал, била повреда на мускулот на десната нога.

„По извршените тестови од страна на лекарската служба на Реал Мадрид на нашиот играч Едер Милитао, констатирана му е повреда на мускулот на десната нога“, објави Реал на клупската веб-страница.

Милитао (26) на тој начин ќе паузира десет дена и сигурно ќе ги пропушти следните два натпревари, на гости кај Сосиедад во Ла Лига на 14 септември, како и три дена подоцна во Мадрид против Штутгарт на стартот од Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top