Милитао нема да игра на СП – За повредата го обвини клубот и тренерот Чаби Алонсо

Милитао нема да игра на СП – За повредата го обвини клубот и тренерот Чаби Алонсо

пред 4 часа

Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао заврши уште една сезона за заборав, трета по ред. За проблемите со повредата оваа сезона, Милитао, го обвинува клубот и тренерот Чаби Алонсо. Смета дека премногу бил форсиран. Поради повредата Едер Милитао ќе го пропушти Светското првенство.

Милитао ја заврши сезоната пред еден месец, а статистиката е поразителна. Во последните три години, кои беа обележани со сериозни повреди, тој одигра само 52 од 179 натпревари на Реал Мадрид. Тоа се алармантни 29 проценти од настапите, што беше голем удар и за играчот и за тимот, кој ги почувствува долгорочните отсуства на својот дефанзивец. По две сериозни повреди на коленото што му ја уништија сезоната 2023/24 и 2024/25, оваа сезона беше уништена од два сериозни мускулни проблеми.

Во потрага по причините за неговата несреќа, дефанзивецот го впери прстот кон Чаби Алонсо. Милитао верува дека одиграл премногу натпревари и минути со оглед на тоа што се враќал по две години речиси целосно отсуство од теренот. Тој особено ги истакнува недоволните подготовки на Реал Мадрид пред сезоната, кои му беа најпотребни, а практично ги немаше, поради настапот на клубот на Светското првенство.

Тој веднаш беше турнат во натпреварувачки ритам и се појави во 16 од првите 20 натпревари на Реал, сè до неговата прва сериозна повреда на 7 декември.

Одмори само во четири натпревари, од кои два беа принудни поради мали проблеми. Милитао верува дека го платил цехот на исцрпувачкиот распоред.

Прво дојде тешка повреда на мускулот, а откако се врати на теренот пауза од 118 дена, следеше нов удар во април, со што ја заврши сезоната, но и отпадна од комбинација за настап на Мундијалот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top