Минамино му скрати два планирани бода на Челси

Минамино му скрати два планирани бода на Челси

пред 4 години

Фудбалерот на Ливерпул кој е на позајмица во Саутемптон, Такуми Минамино со својот погодок донесе реми за својот нов тим против екипата на Челси.

„Светците“ на свој терен одиграа 1-1 со залетаниот тим на Томас Тухел и на тој начин ја прекинаа серијата од 6 порази во Премиерлигата.

Минамино во 33 минута го отвори резултатот по додавањето на Редмонд.

Иако поседот на топката убедливо беше на страната на „сините“ во второто полувреме играчите на лондонскиот тим успеаја само да стигнат до реми, и тоа од пенал. Реализатор на најстрогата казна беше Маунт во 54 минута.

По 25 одиграни меча Челси е на четвртата позиција со 43 бода, додека Саутемптон на 24 меча собраа 30 бода, доволни во моментов за 13 позиција.

Share
Scroll to Top