Еден од највлијателните менаџери во светот на фудбалот, Мино Рајола, во интервју за „АС“, проговорил и за проектот Суперлига, кој предизвика земјотерс во светот на фудбалот.
„Досега немало толку радикална идеја. Секогаш сум војувал против ФИФА, против менталитетот на монопол. Тоа не ми се допаѓа. Не ни е потребно ФИФА да игра фудбал. Најголема грешка на организаторите на Суперлигата е што сакаа да ја напуштат Лигата на шампиони. Тука многу погрешија. Требаше да играат во двете натпреварувања“, рекол Рајола и дополнил.
„Ферари може со еден болид да се трка во Ф1, а со еден на Ле Ман. Зошто Реал не би можеле да играат и во Суперлигата и во Лигата на шампиони? Тогаш публиката ќе бира што ќе гледа. Да сум газда на клуб, би сакал мојот клуб да игра во двете натпреварувања. Тоа би било сјано и за играчите и за навивачите“.