Миовски пред преселба во Феенорд

Миовски пред преселба во Феенорд

пред 13 часа

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски, до крајот на денот, веројатно ќе замине од Глазгов Ренџерс. Интерес за Мионски покажува, вице првакот на Холандија, Феенорд.

Миовски како што сега стојат работите, доколку остане во Ренџерс, нема да игра многу, бидејќи клубот неодамна се засили со Кевин Келси.

Напаѓачот минатата сезона се врати во шкотскиот фудбал, откако не успеа да се снајде во Ла Лига, во дресот на Џирона.

Откако постигна 44 гола на 98 натпревари, во две сезони за Абердин, Миовски за 6,8 милиони фунти замина во Џирона, клуб што се натпреваруваше во Лигата на шампионите, во сезоната 2024/2025. Одигра 22 натпревари постигна четири гола во сите натпреврувања.

Феенорд се заинтересирани за Миовски, бидејќи двајца напаѓачи го напуштија клубот. Тенгстед замина во Тулиз, а Уеда се пресели во Лил, како замена за Белгиецот Пардо, кој за 60 милиони евра ќе го засили Њукасл.

Инаку, Феениорд е заинтересиран да го донесе Миовски на позајмица, а според медиумите во Глазгов се подготвени да го пуштат во Ротердам.  

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top