Руската тенисерка Мира Андреева (17) успеа да ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со 2:1 во сетови и да го освои Индијан Велс.
Андреева, која е 11. на ВТА-листата, за два часа и шест минути, ја победи светската тенисерка број еден со 6:2, 4:6, 3:6.
Се чинеше дека Сабаленка ова ќе го реши „рутински“, Белорусинката одлично влезе во првиот сет и во четвртиот гем направи брејк кој го потврди за 4:1, а потоа во осмиот гем направи уште еден брејк за 1:0 во сетови.
Сабаленка самоуверено влезе во вториот сет, но Андреева во третиот гем успеа да ја изненади и го одзеде сервисот што беше клучен за вториот сет.
Таа ја одржуваше предноста до самиот крај на вториот сет и израмни на 1:1.
Андреева уште подобро го отвори решавачкиот трет сет со брејк топка, но не успеа да ја искористи. Она што не и успеа во првиот, го направи во третиот гем и го одзеде сервисот на Сабаленка и си го трасираше патот кон победата. Во деветтиот гем направи уште еден брејк за конечен триумф.
Ова беше 12. последователна победа за младата руска тенисерка и втора голема титула. Претходната ја освои пред три недели во Дубаи.