„Мислев дека е шега кога ми кажаа дека Меси ќе дојде во ПСЖ“

„Мислев дека е шега кога ми кажаа дека Меси ќе дојде во ПСЖ“

пред 2 години

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, открил што се случувало во деновите кога клупските челници преговарале околу трансферот на Лионел Меси.

„Леонардо ми се јави и ме праша: ‘Постои таква можност. Што мислиш?’ Супер е што побара мое мислење. Си помислив какво е тоа прашање: Можеби е некаква шега“, рекол Покетино и дополнил.

„Го прашав Леонардо дали треба да одиме по него? Дали треба да го „палам“ автомобилот? Тогаш започнаа преговорите. Од тој момент, Леонардо редовно ме известуваше како одат работите“.

Тренерот на ПСЖ истакнал дека не постоел клуб во светот кој ен сакал бесплатно да го добие Меси.

„Сите мислеа дека ќе остане во Барселона. Сите сонуваа да го добијат бесплатно. Лео најави дека сака да дојде кај нас. Се се случи со неверојатна брзина. Секоја чест за Леонардо и клупските челници, заврија неверојатна работа. За два-три дена потпишаа договор со најдобриот играч во светот“.

Share
Scroll to Top