Михајловиќ: Панчев го носеше трофејот од ЛШ на свадба во Македонија!

Михајловиќ: Панчев го носеше трофејот од ЛШ на свадба во Македонија!

пред 3 години

Тренерот на Болоња, а поранешна играчка легенда на Црвена звезда во долго интервју за Јутјуб каналот на белградскиот клуб, открива интересна анегдота за трофејот од Купот на европски шампиони (сегашната Лига на шампиони) од 1991 велејќи дека титулата која е прикажана е „копија“ бидејќи вистинскиот трофеј бил „исчукан“.

Тој тврди дека Дарко Панчев го носел трофејот на свадба, и дека поради тоа што сменил многу раце бил „исчукан“ и направиле нов.

„И сега се ежам, а поминаа 30 години. Нема пари кои можат да ги купат тие емоции. Како што поминуваше време, сфативме колку тоа е важно остварување. Тој пехар кој го донесовме беше насекаде. Јас го носев во Борово, Југа го носеше дома, стоеше едно време кај Биниќ во автомобилот, во гепекот. Ќе отидеме во некој локал, тој го зема пехарот и го става на маса, и потоа се пие. Дојде Панчев и вели: ‘Дај ми го пехарот, треба да го носам на свадба’ и Бина му го дава и тој го однесе во Македонија на свадба. Беше целиот исчукан и мораа да направат нов. Тој пехар на ‘Маракана’ не е оригиналот, бидејќи направија нов“, вели Михајловиќ.

Share
Scroll to Top