Василије Мициќ и Габриел Дек од наредната сезона ќе играат за Оклахома сити Тандер, тврди „Спортнадо“.
Мициќ, две сезони е е еден од најдобрите играчи на Анадолу Ефес, тој во 2014 година е избран како 52.пик на драфтот од Филаделфија. Правата за неговиот договор во меѓувреме ги доби Оклахома.
Сезонава Мициќ има просек од 16,4 поени и 5 асистенции во Евролигата.
Габриел Дек од 2018 година е играч на Реал Мадрид. Еднаш се пријавил на НБА драфтот, но во 2017 година не бил избран од ниту еден тим.
Оваа сезона, за Реал во Евролигата, има просек од 8,8 поени, 3,7 скока и 1,2 асистенции.