Младиот 38-годишен фудбалски тренер Един Терзиќ би можел ова лето да седне на клупата на премиерлигашот Тотенхем, пишуваат германските и англиските медиуми.
Терзиќ, кој сезоната ја започна како помошник на тренерот Фавр во Борусија Дортмунд во текот на сезоната доби можноста да ги предводи „милионерите“. Шансата ја искористи – со Борусија избори пласман во ЛШ идната сезона, а го освои и Купот на Германија.
Сега се шпекулира дека тој може да ја наследи функцијата на Жозе Мурињо кај лондонскиот тим.
Инаку, Терзиќ кариерата како тренер ја започна како асистент на Славен Билиќ, има искуство во Англија бидејќи работеше во Вест Хем.
Освен Тотенхем, неговото име се споменува и како тренер на Њукасл, односно Кристал Палас.
Bericht: England-Trio um #Tottenham an #BVB-Trainer Edin #Terzic interessiert #PremierLeague
➡️https://t.co/ulOJ0n6Igk pic.twitter.com/AAhGDWJPfu
— Der SPORTBUZZER (@Sportbuzzer) May 20, 2021