Женската кадетска репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф на почетокот на кадетското Светско првенство кое се одржува во Скопје. Македонските ракометарки на стартот славеа против Сенегал со 32:13.
Со оглед дека натпреварот доцнеше еден час, затоа што ривалките доцна допатуваа во Скопје, македонските ракометарки не добија соодветен отпор.
На полувреме Македонија имаше десет гола предност (17:7), а до крајот речиси ја удвои.
По пет гола постигнаа Дускоска, Ризоска, Бојана и Борјана Коцева.
Македонските ракометарки следниот меч го играат утревечер против Узбекистан.