Лука Модриќ стана фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид.
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на „Вембли“ во Лондон и ја освои Лигата на шампионите. Тоа е 15-та европска титула во историјата за „кралскиот клуб“.
Стрелци за Реал беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и го освои својот шетти пехар во ЛШ и на клупската листа се изедначи со Пако Хенто.
Воедно, ова е 26. титула за Модриќ во дресот на Реал, што значи дека тој е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал.
Модриќ ги претекна поранешните соиграчи Карим Бензема и Марсело.
Актуелниот капитен на Реал, Начо Фернандеш е изедначен за првото место со Модриќ.
Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на Лигата на шампионите. Рекордот доаѓа од фактот дека Модриќ е најстариот играч на Реал во ЛШ воопшто.
Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, кога настапи на возраст од 38 години и 234 дена.
Модриќ е и играчот со најмногу настапи во финалето на ЛШ откако елитното натпреварување се игра во овој формат.
Тој по шести пат играше во финалето на Лигата на шампионите, што досега го имаат постигнато само Паоло Малдини и Кристијано Роналдо и неговите соиграчи Начо и Тони Крос.
Досега, со пет настапи во финалето, Модриќ беше изедначен со Бензема, Патрис Евра, Кларенс Сидорф и Едвин ван дер Сар.