Модриќ продолжува да ги води Хрватите

Модриќ продолжува да ги води Хрватите

пред 5 месеци

Златко Далиќ, селекторот на Хрватска го објави списокот на играчи за натпреварите од Лигата на нации на почетокот на септември.

Хрватите ќе играат против Португалија на 5 септември во Лисабон и три дена подоцна со Полска во Осиек. Во групата на Лигата на нации со Хрватска е и Шкотска.

На списокот го нема Марсело Брозовиќ кој се прости од репрезентацијата. Останува Лука Модриќ, Далиќ ги врати Кристијан Јакиќ, како и Дује Чалета-Цар, а за првпат повик добија напаѓачот Игор Матановиќ и играчот од редот за врска Петар Сучиќ.

Во однос на списокот на играчи од ЕП ги нема голманот Ивица Ивушиќ, Марко Пјаца и Марко Пашалиќ.